logo
logo
logo

Постои голем притисок за проширување на ЕУ со земјите од регионот, вели Јотова

Vecer | 27.04.2025

Постои голем притисок за проширување на ЕУ со земјите од регионот, вели Јотова

Во интервју за БГ ОН ЕР каде речиси половина од времето го посвети на односите меѓу Скопје и Софија, Јотова повтори дека е збунета од како што кажа, тенденцијата на европските челници да говорат за двостран спор меѓу Македонија и Бугарија. Според неа, постои силен притисок за забрзано примање на нови земји- членки во Унијата.

-Геополитичкиот притисок во моментот е многу силен да има забрзано примање на тие држави. Моето конкретно мислење е дека тоа може еден ден многу скапо да не чини, бидејќи ние говориме за долг процес на реформи, ако тој не постои во тие држави, значи тие ќе внесат уште проблеми во самата ЕУ, кој знаеме дека и сега ги има многу. - Илијана Јотова – Потпретседателка на Бугарија

Пораките на Јотова доаѓаат во исто време со посетата на претседателот на ЕС Антонио Кошта кој во наредните три дена ќе биде во официјална посета на Бугарија. Теми на разговор како што соопштија од неговиот кабинет, покрај европската одбрана и војната во Украина, ќе биде и европското проширување.

-Претседателот Кошта и Премиерот Жељазков ќе дискутираат за актуелните прашања ќе разговараат за сегашните и идните случувања во неколку области, вклучувајќи ја европската одбрана и поддршката на ЕУ за Украина, конкурентноста, миграцијата и проширувањето.- Европски Совет

Кошта кој во неколку наврати повтори дека проширувањето со западен Балкан е политички приоритет за Унијата, најави дека на средината на мај ќе дојде и во официјална посета на Македонија. Во истиот период се очекува земјава да ја посети и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Унијата Каја Калас.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk