Вечерва околу 20 часот во пристаништето во Каштел избувнал огромен пожар и речиси два часа горат бродови. Некаде околу 21: 30 се слушнала и експлозија. Засега нема информации за евентуални повредени.
Како што пренесува Индекс.хр пожарот во моментов е речиси изгаснат, а дежурниот пожарникар, пак, изјавил дека сите се на теренот и дека нема повратни информации, но дека многу горело.
Исто така, во градот владее силна смрдеа.
[embed]https://www.youtube.com/watch?time_continue=3&v=btd53s9HskU&feature=emb_logo[/embed]