logo
logo
logo

Стојков: Бројката од 1.143 Македонци на пописот е нереална

Vecer | 25.11.2022

Стојков: Бројката од 1.143 Македонци на пописот е нереална

Во долгата листа на националности каде Бугарите доминираат со речиси 85 проценти, како припадници на други националности се прикажани Турците и  Ромите. Македонците пак со официјално изјаснети 1.143 лица се во делот за „други“. Тоа според Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин е уште еден доказ за притисоците и кои официјална Софија ги врши врз Македонците во Бугарија.

-На овој начин како што вели Стојков, продолжува трендот на намалување на бројот на Македонци за кои тој вели дека се десетици илјади. Последниот вистински попис во Бугарија за него е тој во далечната 1956 година кога како Македонци се изјасниле близу 190 илјади лица.

Инаку, при вчерашното објавување на резултатите од националниот статистички институт во Софија, дел од присутните новинари побараа од директорката на националниот статисички институт во Бугарија да ги прочита и другите етнички групи кои не се во пописните резултати. Сосема на крајот беа спомнати Македонците на што дел од присутните новинари реагираа дека според нив не станува збор за Македонци, туку за за Северномакедонци или граѓани на Република Северна Македонија.

-Македонска националност - 1.143

-Македонците се Северномакедонци. -Да, се.

-Граѓани на С.Македонија.

- Тие не се граѓани, тоа е етничка група.

-Државјанство е различна група.- Магдалена Костова – Директор на национален статистички институт на Бугарија.

Пописните резултати во Бугарија, од Втората светска војна па до денес покажуваат интересен тренд. На првото пребројување по Втората светска војна, како Македонци се изјасниле близу 170 илјади лица, а десет години потоа бројот се искачил на речиси 190 илјади. Токму тие пописи според бугарската држава се не реални бидејќи биле направени под притисок на официјална Москва. Сепак, на следниот попис 1965 година 9 илјади лица се изјасниле дека се од Македонска националност, а од 1975 година до 1992 година официјално во Бугарија немало ниту еден Македонец. По падот на комунизмот пак, Македонци одново се појавуваат, а од  10.000 во 1992 година бројот континуирано опаѓа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk