logo
logo
logo

Српскиот министер за градежништво даде исказ во полиција: Соработуваме со Обвинителството

Vecer | 02.11.2024

Српскиот министер за градежништво даде исказ во полиција: Соработуваме со Обвинителството

Денеска во Нови Сад по наредба на Вишото јавно обвинителство, министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ и уште 19 лица беа сослушани во врска со уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, при што 14 лица загина, а тројца се тешко повредени.

Весиќ за Танјуг потврдил дека во присуство на обвинител во својство на граѓанин дал исказ во полициската управа во Нови Сад во врска со несреќата што се случи вчера на железничката станица во тој град.

- Веднаш по поканата што ја добив денеска од Вишото јавно обвинителство Нови Сад, отидов во Полициската управа во Нови Сад и дадов изјава како граѓанин во присуство на надлежен обвинител. Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура целосно соработува со обвинителството за целосно расветлување на причините за оваа страшна трагедија – изјави министерот за Танјуг.

По трагедијата на Железничката станица во Нови Сад, исказ во полиција дадоа државниот секретар во Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, Александра Софронијевиќ, раководител на сектор за инспекциски надзор Иван Дивац, раководител на одделение за градежна инспекција Весна Румениќ, в.д. директорката на Железничката инфраструктура на Србија Јелена Танасковиќ...

Директорот на Заводот за заштита на спомениците Синиша Јокиќ, генералниот директор на Железници Горан Аџиќ, раководителот на Железничката станица во Нови Сад, одговорните за реконструкција на објектот (инвеститори, изведувачи, директор на ЦИП...).

Вишото јавно обвинителство како и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска соопштија дека ќе бидат сослушани повеќе од 20 лица по трагедијата што се случи вчера на Железничката станица во Нови Сад во која загинаа 14 лица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk