Српската заедница во Македонија на Вучиќ му додели Светосавска повелба: ТЕШКИ ВРЕМИЊА БАРААТ СПРЕМНИ ЛУЃЕ!

Српската заедница во Македонија на претседателот на Србија, Александар Вучиќ му додели Светосавска Повелба.
Соопштението на српската заедница го пренесуваме во целост:
„Почитуван претседателе,
Тешките времиња бараат спремни луѓе, особено за водачите на народот од херојското минато кои со својата крв ги испишаа сите значајни светски историски настани, а секогаш на вистинската страна жртвуваа се што имаа за слободата, Србија и светото православие.
За победничкиот марш на патот кон светосавското втемелување, заслуги за сесрпско единство, несогласување со губењето на слободата и чесниот углед на Србите во регионот и светот како призната нација, Ви го доделуваме највисокото признание на српскиот народ во Македонија, Светосавската повелба, со благодарност што во сите тешки моменти и нам, и на братскиот македонски народ му ја давате потребната помош.
Како лидер за кого слободата, Србија и честа немаат цена, да ти помогне Господ да не зачуваш нас Србите како народ на кој ќе му се восхитуваат засекогаш!“