Армијата на Србија се упати кон Косово и Метохија, односно преку административни премини во јужната српска провинција, објавуваат приштинските медиуми.
Припадниците на српската војска синоќа тргнале за Косово и Метохија и тоа е реакција на српскиот државен врв на вчерашните настани, кога припадници на таканаречената специјална полиција упаднаа во Росу на северот на Косово без никаква најава.
Тоа ги вознемири Србите во Косово, особено повеќе откако во еден момент полицијата започна да ги вади српските регистарски таблички од возилата.
Сепак, тоа не беше крај на тортурата врз членовите на Росу, кои фрлаа солзавец врз Србите кои мирно протестираа на преминот Брњак со цел да ги растераат.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата