Српскиот вицепремиер Александар Вулин и министерот за државна безбедност и началник на Службата за разузнавање и контраразузнавање на Народна Република Кина, Чен Јиксин се договорија за „продолжување на соработката меѓу Србија и Кина во областа на безбедноста“, соопшти српската влада.
Ккао што е наведено, состанокот бил оставрен на 13 декември, како дел од официјалната посета на Вулин на Кина. Договорена е и „размена на искуства во областа на контраразузнавачката работа и борбата“ против таканаречените „обоени револуции“, соопшти српската Влада.
Официјален Белград и Пекинг ги интензивираат односите во различни области откако Српската напредна партија (СНС) дојде на власт во 2012 година, јави РСЕ.
Србија во изминативе години има инсталирано повеќе од 1.000 надзорни камери од кинеската компанија Хуавеи, со можност за препознавање лица. Инсталирањето на камерите во Белград беше контроверзно бидејќи Србија нема соодветни закони за приватност на податоците за обработка на биометриските информации земени од снимките со препознавање лице.
Истрагата на РСЕ од 2022 година откри дека српските власти веќе користеле кинеска технологија за следење и таргетирање на активисти и демонстранти, што предизвикува загриженост дека понапредната кинеска опрема за надзор може да биде злоупотребена. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата