Бугарскиот претседател изјави дека двајцата го делат уверувањето дека приоритет за Европа е враќањето на мирот на континентот. Тој му честиташе на Орбан за неговата како што ја нарече „трезвена проценка на геополитичките процеси и предизвиците со кои се соочуваме“. „
Радев му се заблагодари на Орбан за унгарското претседавање со Советот на ЕУ и за нивната улогата во примањето на Бугарија во Шенген.
Орбан истакна и му се заблагодари на Радев дека во ова променливо време отсекогаш бил „фиксна точка“ во билатералните односи.
„Тој секогаш не поддржуваше да ги развиваме економските врски меѓу Бугарија и Унгарија, бидејќи Бугарија отсекогаш била стратешка точка за нашата безбедност, особено по војната и она што пристигнуваше од Украина – гасот“, порача Орбан, кој во Софија имаше средба и со Бојко Борисов.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата