logo
logo
logo

Србин и Хрват му го однеле цел инвентар од ресторанот на Словенец- не им давал плата

Vecer | 29.09.2024

Србин и Хрват му го однеле цел инвентар од ресторанот на Словенец- не им давал плата

Одзеле фрижидер, машина, рерна за пица, скара, машина за мраз, тезга за сервирање, разни кујнски апарати, како и столици, маси и клупи. Украле и сеф, падобран и други предмети, со што на 55-годишен словенечки државјанин му нанеле штета од над 100.000 евра.

Станува збор за 67-годишен загрепчанец и 39-годишен државјанин на Србија кои полицијата на Умаг ги сомничи дека сториле кривично дело кражба. Двајцата се уапсени во петокот, а се сомнева дека од 17 до 19 септември го украле целиот кујнски инвентар од ресторан во месноста Бртонигла.

По завршувањето на кривичната истрага, 67-годишниот маж вчера е приведен во притворското одделение на Полициската управа на Истра, а против српскиот државјанин е поднесена кривична пријава во редовна постапка.

Неофицијално се дознава дека се работи за поранешни работници на тој угостителски објект, на кои сопственикот не им исплатил плата, па тие го ограбиле.

Овој случај се поврзува со оној од пред 12 дена кога полицијата на Умаг заврши кривична истрага против 55-годишен словенечки државјанин и утврди сомнение дека сторил кривично дело неисплата на плата и повреда на правата од социјално осигурување.

Се сомничи дека од 1 јули до 15 септември не исплатил плати, ниту подмирил придонеси од пензиско и здравствено осигурување, при што за неколку илјади евра оштетил три работнички на возраст од 21, 22 и 34 години. Против словенечкиот државјанин во редовна постапка е поднесена кривична пријава до надлежното државно обвинителство, објави Индекс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk