Поради посетата на пациенти од пожарот во Кочани, студентите во блокада од Медицинскиот факултет во Белград побараа покренување постапка против одговорните во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар, јави дописникот на МИА од Белград.
Тие бараат, меѓу другото, поведување постапка за утврдување одговорност и разрешување на директорката на тој Клинички центар, директорот на Ургентниот центар на УКЦС и шефот на одделот за Интензивна нега на УКЦС, затоа што дозволиле таква посета.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, министерот за здравство во технички мандат, Златибор Лончар и новинарски тимови влегоа на одделот за Интензивна нега на 17 март 2025 година, што според судентите - значело сериозно нарушување на достоинството, приватноста и здравјето на повредени пациенти, меѓу кои и малолетни странски државјани.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата