logo
logo
logo

Штрајк во учулиштата во Хрватска: Првата од петте фази почнува денеска во Далмација

Vecer | 01.04.2025

Штрајк во учулиштата во Хрватска: Првата од петте фази почнува денеска во Далмација

Далмација е првиот регион што штрајкува, бидејќи таму беше најголем одѕив на предупредувачкиот штрајк на 19 март.

Министерството за образование на Хрватска повтори дека нема причини за штрајк.

Наставниците бараат зголемување на основната плата за 10 отсто, наместо предложените 3+3 отсто, како и промени во коефициентите за пресметка на платите и исплата на привремени додатоци до воведување нова систематизација. Бараат и исклучување на образованието од системот за проценка според Законот за плати.

Синдикатите најавија високо учество во штрајкот, обвинувајќи ја владата за игнорирање на нивните барања. Денешниот штрајк ги опфаќа основните и средните училишта, факултетите и институтите во Сплитско-далматинскиот, Задарскиот, Шибеничко-книнскиот и Дубровничко-неретванскиот округ.

В четврток, 3 април, ќе штрајкуваат наставниците од Вуковарско-сремскиот, Бродско-посавскиот, Вировитичко-подравскиот, Осијечко-барањскиот и Пожешко-славонскиот округ, а следните фази се закажани за 7, 9 и 11 април во останатите региони, вклучувајќи го и Загреб. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk