Министерството за надворешни работи на Република Србија соопшти дека на 20 ноември 2023 година донело одлука, согласно член 9 од Виенската конвенција, кој ги регулира дипломатско-конзуларните односи, да го прогласи Хрвое Шнајдер, прв секретар на Амбасада на Република Хрватска во Белград, персона нон грата.
„За време на неговиот професионален ангажман во Република Србија, Шнајдер грубо отстапи од рамката на дипломатските норми и ја прекрши гореспоменатата Конвенција. Во оваа прилика беше доставена дипломатска нота до амбасадорот на Република Хрватска, Хидает Бишчевиќ.
Министерството за надворешни работи на Република Србија изразува жалење за однесувањето на споменатиот дипломат во изминатиот период, кое не придонесува за подобрување на билатералните односи меѓу Република Србија и Република Хрватска, добрососедската соработка и севкупното подигнување на нивото на мир и стабилност во регионот.
Министерството за надворешни работи на Република Србија изразува очекување дека Република Србија и Република Хрватска ќе работат заедно на градење меѓусебна доверба, со цел да се постигне заедничка европска иднина“, соопшти српското Министерство предводено од Ивица Дачиќ. .
Хрватската амбасада не беше достапна да ја коментира оваа одлука, објави хрватски Индекс.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата