logo
logo
logo

Србија најави дека ќе гради фабрика за ПЦР тестови

Vecer | 01.05.2021

Србија најави дека ќе гради фабрика за ПЦР тестови

Претседателот на Србија Александар Вучиќ откри дека земјата започнува да гради погон за секвенционирање на геноми на Институтот за молекуларна биологија, а најави и изградба на фабрика за ПЦР тестови.

Тој во интервју за „Блиц“ вели дека за изградбата на фабриката за секвенционирање на геномот го информирале институтот за геноми во Пекинг и верува дека ќе постигнат значителни резултати до крајот на годината.

Српскиот претседател додаде дека ќе се инвестира многу во современите медицински технологии и биотехнологии.

- Можам да ви кажам дека исто така ќе градиме фабрика за ПЦР тестови што ќе го реши проблемот со тестирање засекогаш, рече Вучиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk