logo
logo
logo

СРБИЈА НА МАКЕДОНИЈА И ДОНИРАШЕ УШТЕ ЕДЕН КОНТИНГЕНТ ВАКЦИНИ: Премиерката открила колку помогнале досега

Vecer | 28.04.2021

СРБИЈА НА МАКЕДОНИЈА И ДОНИРАШЕ УШТЕ ЕДЕН КОНТИНГЕНТ ВАКЦИНИ: Премиерката открила колку помогнале досега

Србија на Македонија и донирала дополнителни 13.000 вакцини "Спутник В", изјавила денес премиерката Ана Брнабиќ, наведувајќи дека досега на таа земја донирани се вкупно 48.000 вакцини.

Брнабиќ на новинарите во Костолац, по обиколка на термоелектраните, им рекла дека на Македонија доцна синоќа испорачани и се дополнителни 13.000 накцини "Спутник В", во рамки на контингент од 20.000 вакцини компонентни две, наменети за ревакцинација.

Потсетила и дека тие 20.000 вакцини испорачани се пред три недели.

Премиерката нагласила дека има доволно вакцини за нашите граѓани и дека доколку има потреба Србија и понатаму ќе биде отворена за подршка на пријателите и партнерите во регионот.

- Не можеме да се вратиме во нормален живот ако сите останати не се вратат во нормален живот. Тоа е вложување во една заедничка сигурност и безбедност, рекла Брнабиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk