logo
logo
logo

СРБИЈА ИСПРАТИ ПРОТЕСТНА НОТА ДО ХРВАТСКА – Белград бара да престанат обидите за мешање во изборите

Vecer | 15.10.2026

СРБИЈА ИСПРАТИ ПРОТЕСТНА НОТА ДО ХРВАТСКА – Белград бара да престанат обидите за мешање во изборите

Во нотата, меѓу другото, се наведува дека обидите за надворешно влијание врз изборните процеси, како и одредени начини на известување од страна на хрватските медиуми за политичката ситуација во Србија, се неприфатливи

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ги отфрли обвинувањата за мешање на Хрватска во изборната кампања во Србија, а протестната нота на Белград ја оцени како смешна и целосно бесмислена. За наводите околу известувањето на медиумите во Хрватска, тој рече дека хрватските медиуми се слободни и пишуваат што сакаат

Министерството за надворешни работи на Србија испрати протестна нота до Хрватска поради мешање во внатрешните политички работи и изборната кампања во Србија.

Во нотата, чија содржина ја пренесуваат српските медиуми, меѓу останатото, се наведува дека обидите за надворешно влијание врз изборните процеси, како и одредени начини на известување од страна на хрватските медиуми за политичката ситуација во Србија, се неприфатливи.

Дополнително се истакнува дека особена загриженост предизвикува честото прикажување на внатрешнополитичките случувања во Србија преку еднострани и крајно негативни толкувања, како и обидите политичките процеси во Србија да се поврзат со наводна закана за регионалната стабилност. Ваквите пристапи, како што се наведува, не придонесуваат за меѓусебна доверба, добрососедски односи или конструктивен дијалог.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ги отфрли обвинувањата за мешање на Хрватска во изборната кампања во Србија, а протестната нота на Белград ја оцени како смешна и целосно бесмислена. За наводите околу известувањето на медиумите во Хрватска, тој рече дека хрватските медиуми се слободни и пишуваат што сакаат.

„Го видов текстот на нотата, се обидувам да разберам што сме направиле, а ако мислат дека ние го оркестрираме она што го пишуваат хрватските медиуми, а јас не забележав ништо особено контроверзно, тоа е нивна работа“,

изјави хрватскиот премиер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk