logo
logo
logo

Србија има вишок пченица, пченка и сончоглед, извозот е отежнат поради проблеми со логистиката

Vecer | 19.09.2023

Србија има вишок пченица, пченка и сончоглед, извозот е отежнат поради проблеми со логистиката

Извозот сега е значително отежнат поради логистичките проблеми, недостигот на транспортни средства и неговите трошоци, јави дописникот на МИА од Белград.

Директорката на Здружението за подобрување на производството и извозот на жита и маслодајни култури „Жито Србија“ Сунчица Савовиќ изјави за Бета дека домашниот пазар на земјоделски производи ја дели судбината на регионалниот и светскиот пазар на жита и маслодајни семиња, кој е преплавен со тие производи од Украина и други земји, па конкуренцијата е голема, а цените ниски.

-Од минатата година во Србија останаа големи залихи од 1,2 милиони тони пченица, 350 илјади тони најлош квалитет на пченка и 55 илјади тони сончоглед. Во текот на минатата година, поради политичката нестабилност и поскапувањето на пченката и пченицата на домашниот пазар, во еден момент на повеќе од 40 динари за килограм, производителите очекуваа дека тоа ќе продолжи со ист тренд, па не брзаа со продажбата, рече Савовиќ.

Таа додаде дека од март до април минатата година бил забранет извозот, а потоа, до крајот на јули, поради воведените квоти извозот бил отежнат, што ја намалило ликвидноста во житниот сектор во Србија.

Последиците од тоа, како што рече, ги чувствуваат сите во синџирот, од производители до извозници.

Пченицата, дури и кога ќе се најде пазар, не може да се извезува, според Савовиќ, поради логистичките пречки, транспортот и неговата висока цена или недостатокот на финансиски средства на извозниците да изнајмат по 10-20 баржи за прекуокеански брод за Африка или Југоисточна Азија.

Савовиќ рече дека е тешко да се прогнозира дали цените на овие стоки ќе пораснат, освен во случај на голема ескалација на конфликтот меѓу Украина и Русија, бидејќи дури и неодамнешниот напад со беспилотни летала врз украинските силоси во пристаништето на Дунав, Измаил, не ги поттикна да се порастат на долг рок. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk