logo
logo
logo

Србија годинава ја напуштиле 399 лекари

Vecer | 18.12.2024

Србија годинава ја напуштиле 399 лекари

Ѓокиќ за агенцијата Бета изјави дека Синдикатот на лекари и фармацевти нема сознанија дека лекарите се враќаат во Србија.

- Во последните десет години Србија ја напуштиле околу 5.000 лекари, а само оваа година до 1 ноември во странство заминале 399 лекари. Имаме прецизни податоци за заминувањето на лекарите, бидејќи за да замине лекар на работа во странство, тој мора да биде од Лекарската комора за да добие Сертификат за добра репутација, рече Ѓокиќ.

Таа истакна дека лекарите од Србија најчесто заминуваат поради лошите односи и непотребниот притисок од раководството кон нив, тешките услови за работа и големите обврски со оглед на малиот број лекари.

- Лекарите ја напуштаат Србија поради екстремната неусогласеност меѓу работата и семејниот живот и, се разбира, поради ниските плати, рече Ѓокиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека „многу лекари се враќаат во Србија“ и оти ќе ги претстави во текот на викендот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk