logo
logo
logo

Спречен терористички напад на еврејски ресторан во Атина, уапсени двајца Пакистанци

Vecer | 29.03.2023

Спречен терористички напад на еврејски ресторан во Атина, уапсени двајца Пакистанци

Еврејски ресторан во центарот на Атина бил целта на двајцата уапсени Пакистанци, членови на терористичка мрежа која планирала напади во Грција, објавија грчките медиуми и додаваат дека во разбивањето на мрежата помогнала и израелската разузнавачка служба МОСАД.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на полициски извори пишува дека уапсените Пакистанци на возраст од 27 и 29 години, подолго време го подготвувале нападот на ресторанот, кој го посетувале главно израелци, го набљудувале просторот и проучувале три планови за нападот. Поконкретно, ги разгледувале опциите: нападот да се изврши со оружје, со експлозив или да се предизвика пожар, евентуално со гас во моментите кога ресторанот би бил полн со луѓе.Случајот бил откриен по информациите што ги имала националната служба за разузнавање, која ја известило антитерористичката служба по што започнала истрагата за конкретни лица, кои биле активни во земјата и подготвувале терористички напади со насоки од странство.

Од средината на февруари  осомничените биле лоцирани и идентификувани, кои биле уапсени и задржани поради административни прекршоци, бидејќи во Грција престојувале нелегално, без документи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk