logo
logo
logo

Сомнителен случај на мајмунски сипаници во Грција

Vecer | 22.05.2022

Сомнителен случај на мајмунски сипаници во Грција

Тој, заедно со неговата придружничка, која е без симптоми, се хоспитализирани во атинска болница, а резултатите од земените примероци и испратени во лабораторија ќе бидат достапни утре.

Според грчките медиуми, 29-годишниот Англичанец, заедно со неговата пријателка биле на одмор на кефалониа, каде што и му се појавиле првите симптоми, меѓу кои и осип на кожата и од локалниот здравствен центар, со авион бил пренесен во атинската болница „Атикон“.

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека епидемијата на мајмунски сипаници е нешто за што сите треба да бидат загрижени -„ние сме многу ангажирани и се обидуваме да најдеме начини да дејствуваме“, им кажа Бајден на новинарите во Јужна Кореја пред да замине за Јапонија, следната станица на неговата азиска турнеја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk