logo
logo
logo

Собранието на Република Српска донесе одлука за пристапување кон носење нов Устав

Vecer | 13.03.2025

Собранието на Република Српска донесе одлука за пристапување кон носење нов Устав

За одлуката гласаа 50 пратеници, седум беа против, а двајца пратеници беа воздржани.

Претседателот на Собранието на РС, Ненад Стевандиќ, најави дека денеска во 10 часот ќе започне следната, 20-та посебна седница на Собранието и предложи на дневен ред по итна постапка, да се најдат Нацрт Уставот, како и предлог-законот за заштита на уставниот поредок на РС, на предлог на претседателот на РС, Милорад Додик.

Со донесувањето на одлуката, Комисијата за уставни прашања на Собранието е должна во најкраток можен рок да го подготви текстот на Предлог-уставот на РС и да го достави до Собранието.

Претходно, премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ изјави дека новиот Устав на Република Српска ќе биде во согласност со Дејтонскиот мировен договор и дека институциите на Република Српска се подготвени да разговараат со претставниците на бошњачкиот и хрватскиот народ за да ги заштитат правата и слободите на овие народи.

„Господа, не пропуштајте го овој историски момент, Република Српска има право да одлучува за новиот Устав“, рече Вишковиќ за време на собраниската расправа.

Вишковиќ додаде дека не е проблем да се задржат Советот на народите и потпретседателите на Република Српска во новиот Устав, туку дека мора да се утврди што претставува витален интерес и дека веќе нема можност за злоупотреба. „Ние сме имале само злоупотреби. Некој кој себеси се нарекува потпретседател на Република Српска, без разлика од која нација доаѓа, мора да ги штити интересите на Република Српска“, рече Вишковиќ. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk