logo
logo
logo

“Собранието на Црна Гора има мнозинство да го замени Мило Ѓукановиќ и тоа треба да го направи“

Vecer | 23.09.2022

“Собранието на Црна Гора има мнозинство да го замени Мило Ѓукановиќ и тоа треба да го направи“

Парламентот на Црна Гора има мнозинство да го замени црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и тоа треба да го направи, соопшти денеска Демократскиот фронт, додека партијата на претседателот на државата, Демократската партија на социјалистите, укажува дека Парламентот нема надлежност да го смени претседателот на државата, туку неговите потези ги оценува Уставниот суд.

-Во ситуација кога претседателот не само што го прекршил Уставот, туку и го загрозил уставниот поредок, односно кога насилно ги урива и Собранието и Владата, неопходно е овие органи да ја заштитат Црна Гора со правни и уставни механизми, велат од Демократскиот фронт. .

Цела Црна Гора, додаваат оттаму, гледа дека тој нема да го прифати барањето на парламентарното мнозинство и да предложи нивен претставник, а тој е должен да го стори тоа, но сака насилно да го распушти Собранието, иако нема право на тоа. .

Под овие услови, Собранието треба да го запре насилството на претседателот на Црна Гора со негово сменување и распишување претседателски избори, најавуваат од Демократскиот фронт.

Пратеникот на ДПС во Собранието на Црна Гора, Михаило Андушиќ, изјави дека нивните противници се плашат од изборите и дека иницијативата за смена на претседателот е „трик со кибрит“.

-Како лани, пак во септември, којзнае во колку часот иницираат смена на претседателот. И овојпат веќе по навика групата вечни губитници се повикува на Уставот, потсети Анѓушиќ.

Фото: профи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk