logo
logo
logo

Словенечките земјоделци со трактори ја блокираа Љубљана: Доста е! (ВИДЕО)

Vecer | 25.04.2023

Словенечките земјоделци со трактори ја блокираа Љубљана: Доста е! (ВИДЕО)

„Доста е“, рече претседателот на Сојузот на словенечките фармери, Антон Медвед и ја повика владата да ги исполни сите нивни барања во врска со укинувањето на еколошките и административните ограничувања, пренесува СТА.

На плоштадот се собраа многу земјоделци и нивни симпатизери, а покрај патот во близина на парламентот беше формирана колона трактори. Демонстрантите носеа транспаренти со натписи „Доста!“, „Нема иднина без земјоделство“ и слично.

Според лидерот на синдикатот, Синдикатот на земјоделците заедно со другите невладини здруженија кои работат во интерес на земјоделството решиле да започнат протест бидејќи условите за земјоделство се неодржливи. Медвед ги наведе еколошките ограничувања, даночните оптоварувања и неразумните закони „напишани од некои екстремни екологисти, далеку од фармите“.

Според него, синдикатот им дал време и можност на Владата и на министрите заедно да изнајдат решенија. Но, синдикатот нивните одговори ги нарече неприфатливи, погрешни и понижувачки.

„Денес сме овде затоа што сакаме да го зачуваме нашето право на земјоделство. Бараме одржливи работни услови и политика која ќе биде фер“, рече Медвед, истакнувајќи дека земјоделците се обединети како што не биле одамна и дека ќе истраат до крај.

Земјоделците ја повикаа Владата да почне да работи на благосостојбата на земјоделството и да најде решенија за земјоделецот и потрошувачот.

Полициската управа на главниот град на Словенија соопшти дека поради митингот, сообраќајот во Љубљана е во застој и има големи доцнења, а граѓаните ги советувале да не возат во центарот на градот освен ако е апсолутно неопходно.

Полицијата ден претходно соопшти дека очекува од 2.000 до 3.000 учесници на протестот што денеска напладне започна во центарот на Љубљана. Со оглед на тоа што организаторот повика на протести и во месните заедници, се очекува протести да се одржат и на други места низ државата, соопшти полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk