logo
logo
logo

Додик: Добив покана од Обвинителството на БиХ за поткопување на уставниот поредок

Vecer | 06.03.2025

Додик: Добив покана од Обвинителството на БиХ за поткопување на уставниот поредок

„Обвинителството на БиХ ме кани утре да дадам изјава како осомничен за уривање на уставниот поредок, бидејќи ја вршев мојата должност, пропишана со Уставот и законите, според одлуките на Народното собрание на РС“, напиша Додик на социјалната мрежа Икс.

Според него, Обвинителството на БиХ е „неуставна категорија и не може да зборува за Уставот“, додавајќи дека институциите чие работење е забрането на територијата на РС (државниот суд и обвинителство и Агенцијата за истрага и заштита на БиХ) не постојат во Уставот на БиХ.

„Брзината со која тие реагираа покажува дека се е однапред подготвено, што се однесува до продолжувањето на политичкиот прогон. Обвинителите кои доаѓаат од Федерацијата Босна и Херцеговина, кои се политички инструирани, на најстрог начин ја злоупотребуваат својата неуставна положба за политички прогон“, нагласи Додик.

Тој додаде дека нема да оди во, како што рече, „нивниот политички суд, бидејќи Србите повеќе не одат на инквизиција“.

„Србите ќе разговараат само за уредување на БиХ, но како што е напишано во Уставот и Дејтонскиот мировен договор. Денеска ме судат, бидејќи не можат да судат милиони Срби кои не сакаат да бидат лишени од нивните права во нивната земја“, напиша Додик.

Тој додаде дека РС „не е и никогаш нема да биде ничија колонија“, туку „сама ќе одлучува“ и ќе го почитува само својот устав, а не, како што оцени, „волјата на оние кои сакаат да ја згазат Република Српска преку политички оркестрирани процеси“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk