logo
logo
logo

Словенечкиот толар вреден на нумизматичкиот пазар

Vecer | 22.05.2022

Словенечкиот толар вреден на нумизматичкиот пазар

Сега некои стари банкноти од времето на монетарниот суверенитет добиваат значителна вредност на нумизматичкиот пазар.

За добро сочувана банкнота од 10.000 толари, првпат испечатена во 1995 година, може да се добијат околу 300 евра, изјави за словенечкиот инфопортал „N1“ ​​претседателот на словенечкото нумизматичко друштво Урбан Мате.

При размената на толарите во евра, за таа банкнота со ликот на писателот Иван Цанкар се добивале 41,6 евра.

По укинувањето на употребата на стариот југословенски динар во есента 1991 година, Словенија го пушти во оптек т.н. „вредносни бонови“ кои се користеле помалку од една година, а за некои добро сочувани примероци денес може да се добијат износи што ја надминуваат реалната вредност од десет пати од времето кога биле користени, велат познавачите на нумизматичкиот пазар.

Според централната банка, кај граѓаните, во банкноти и монети, останале толари во вредност од околу 32 милиони евра, пренесе Индекс.хр.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk