logo
logo
logo

Балкан - кан

Во Словенија спречиле убиство со оружје скриено во МИКРОБРАНОВА ПЕЧКА!

Vecer | 28.04.2021

Во Словенија спречиле убиство со оружје скриено во МИКРОБРАНОВА ПЕЧКА!

Полнолетно машко лице од околината на Крањ Словенија осомничен е и притворен заради основан сомнеж дека планирал напад со оружје кое го порачал од САД преку “dark net”, а истото требало да стигне на неговата домашна адреса спаковано во микробранова печка.

На телеконференција со новинари словенечката полиција потврдила дека оружјето во САД било запленето од страна на Националната Агенција за домашна безбедност со што е спречен потенцијален стрелачки поход во Словенија.

Неоткривајќи го идентитетот на осомничениот, полцијата изјавила дека станува збор за лице кое претходно не е осудувано. Осомничениот пробал да внесе полуавтоматски пиштол Глок и автоматска пушка Ремингтон и неколку парчиња муниција, за кои платил околу 5000 Евра. Оружјето било скриено во микробранова печка.

Осомничениот е во притвор, а неговата намера била да изврши масакар во јавна институција заради одмазда кон своите познаници, но тоа сè уште се истражува.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk