logo
logo
logo

Скијачките центри се потенцијални жаришта на зараза: Ќе има ли нов локдаун во Србија?

Vecer | 25.02.2021

Скијачките центри се потенцијални жаришта на зараза: Ќе има ли нов локдаун во Србија?

Скијачките центри се местата каде што се пренесува заразата, констатира денеска Кризниот штаб на Србија, кој денеска на седница ја разгледувал влошената епидемиолошка состојба, иако вакцинацијата е во полн ек.

За в петок е најавена нова седница на која ќе се разгледуваат евентуални мерки кои би биле за викендот.

„Имаше различни ставови, но дојдовме до заеднички став дека мора да се стори нешто за време на викендот, а останува да се искристализира и да се подготви предлог“, рече членот на Кризниот штаб, главниот српски епидемиолог Предраг Кон на прес-конференција по состанокот.

Како потенцијални жаришта се посочени рестораните и кафулињата, а не самите скијачки терени, но рече дека луѓето се враќаат од зимување со докажани инфекции.

Како следно жариште се угостителските објекти во населените места, но и одлуката дали евентуално ќе се скрати нивното работно време е оставена за в петок.

„Засега нема промена во работното време, но в петок ќе се одлучи што понатаму и ќе се дискутира за тоа. Еден час или два не го решаваат проблемот. Главното прашање е почитување на мерките. Проценката е дека епидемиолошката состојба се влошува и дека контролата треба да се зајакне што е можно повеќе“, изјави Кон.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk