logo
logo
logo

„Ситуацијата е страшна, МОЖЕ ДА БИДЕ ПОЛОШО“

Vecer | 03.10.2022

„Ситуацијата е страшна, МОЖЕ ДА БИДЕ ПОЛОШО“

Денеска разговаравме за сите важни и тешки прашања со кои се соочуваме. И енергијата и финансиската состојба... Сите сме под притисок. Сите знаеме колку тешко ќе биде да се надмине есента, зимата, а богами и пролетта. Мислам дека следната ќе биде уште полоша зима, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ кој денеска се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан и австрискиот канцелар Карл Нехамер.

„Ист е случајот и со храната, а 48 земји ќе бидат на работ на гладување“, додаде тој.

Одговарајќи на новинарски прашања за енергетската состојба, Вучиќ рече дека ситуацијата е многу потешка отколку што мислат луѓето.

„Во ниту една од нашите земји луѓето не се навикнати на вакви кризи, а ние во државниот апарат ги чувствуваме. Ситуацијата е страшна, ќе биде уште полоша, а ако некој тврди поинаку, се лаже. Се што направивме правилно во изминатите 10 години се што може да исчезне за шест месеци и тоа не по наша вина“, рече Вучиќ.

Како што истакна, прашање не е само дали ќе има доволно гас за нашите домаќинства.

„Што ќе правиме со компаниите? Тие нема да можат да издржат, трговските центри ќе се затворат, затоа што не можат да платат енергија. Не можеме да се натпреваруваме со Германците, тие можат да испорачуваат пари на компаниите , но што да правиме, од каде да даваме, сите сме во страшна ситуација... Да кажат дека утре е мир, би скокнал до плафон“, изјави Вучиќ.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан додаде дека Унгарија и е благодарна на Србија, бидејќи гасоводот минува низ земјата и на тој начин овозможува греење. Како што додаде, Унгарија го смета за одличен пријателски гест.

Вучиќ побара од сите земји-членки на ЕУ да го зајакнат еврото бидејќи тоа би значело сите – вклучително и земјите кои не припаѓаат на ЕУ, а ќе придонесе и за стабилизирање на ситуацијата на Балканот.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk