Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил на 71 километар јужно од Атина, пренесе Телеграф.

Грчкиот геодинамички институт соопшти дека земјотресот бил со јачина од 4,8 степени, на 39 километри од островот Китнос.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 31 километар.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.