logo
logo
logo

Си: Посетата ќе отвори ново поглавје и поголем опсег во односите меѓу Србија и Кина

Vecer | 08.05.2024

Си: Посетата ќе отвори ново поглавје и поголем опсег во односите меѓу Србија и Кина

Според планот на посетата, треба да се одржи пленарен состанок на делегациите на Србија и Кина предводени од двајцата претседатели, по што ќе следи церемонијата на потпишување на Заедничката изјава и размена на потпишаните билатерални документи.

Кинеската делегација брои околу 400 членови, а за време на посетата се планира да бидат потпишани повеќе од 30 договори од различни области.

Претседателот Си Џингпинг синоќа по пристигнувањето во Белград изјави дека челичното пријателство на Србија и Кина пуштило длабоко корени во срцата на двата народа и дека е убеден дека оваа посета ќе биде плодна и ќе отвори ново поглавје во односите меѓу двете земји.

-Кина и Србија си пружија цврста поддршка за прашања кои се однесуваат на нашите суштински интереси и големи грижи. Ние заеднички ја поддржавме меѓународната правичност и правда и придонесовме со нашиот удел во промовирањето на мирот и развојот во светот, соопшти Си во изјавата објавена од Амбасадата на Кина во Србија.

Тој потсети дека двете земји договорија сеопфатно меѓусебно ослободување од визите, отворија директни летови и потпишаа договор за слободна трговија, а дека размената меѓу луѓето станува се поголема.

„Застанувајќи на нова историска почетна точка, Кина ќе работи со Србија за да остане посветена на првобитната аспирација и заедно да напредува во отворањето на нов поглед во соработката меѓу Кина и Србија со посилен замаец, поголем опсег и повисок квалитет“, порача кинескиот претседател.

Тој претходно истакна дека без оглед на промените во меѓународната ситуација, Кина и Србија остануваат вистински пријатели и добри партнери и дека челичното пријателство на двете земји континуирано се зајакнува, со што е пример за соработка меѓу државите и народите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk