ШОКАНТЕН ОГЛАС! Се продава стан без прозорци за САМО 39 000 евра

На Твитер се појави оглас за продажба на стан кој ги шокираше корисниците на оваа мрежа. Имено, се работи за стан во соседството, поточно во Чачак, а токму огласот се стопи во морето на оние кои го носат предзнакот – нереални. Овој пат проблем не е цената, туку нешто друго – новиот бисер во лавината од вакви огласи е станот на Чачак кој се продава замислете без прозорци!
Чачани смислили решење за оне којима смета поглед на град у смогу pic.twitter.com/3dNwFztKWB
— Костја (@kostja_r) January 11, 2023
Самиот опис на огласот за продажба кој ги шокираше граѓаните гласи: – „Се продава двособен стан без прозорци!“.
Имено, станот има 59 квадрати, се продава по цена од 39.000 евра, но единствен и главен проблем е што нема прозорци. И станот е легален, изгледа убаво и уредно, а сопственикот во огласот додал дека не е важно што нема прозорци, се додека има вентилација.
– Чачанци смислиле решение за оние на кои им пречи погледот на градот во смог, пишува во твитот кој покрена лавина од коментари.
Чекај, нема ни аспиратор, праша еден корисник, додека друг додал: – Идеален стан за ден.
Доста смисла за хумор покажале и твитерџиите кои напишале дека поволно се продава затвор.