logo
logo
logo

Шести обид бугарскиот Парламент да избере претседател

Vecer | 27.11.2024

Шести обид бугарскиот Парламент да избере претседател

Новоизбраните пратеници положија заклетва на 11 ноември, но новиот парламент се уште не може да функционира поради неможноста политичките сили да се обединат околу кандидат за претседател на законодавниот дом, јави БТА.

На почетокот на оваа недела, лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, изјави дека направил чекор назад, се повлекол од предлогото за функцијата претседател на парламентот и го предложил Атанас Атанасов од ПП-ДБ за функцијата.

Од ПП-ДБ во став испратен до медиумите одговорија дека Бојко Борисов за премиер е неприфатлив предлог и тие нема да учествуваат во трговија со функции.

Лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов се изјасни остро против Бојко Борисов да биде премиер, а Атанас Атанасов да биде претседател на Собранието. Трифонов изјави дека ставот на ИТН останува непроменет. Партијата предложи најстариот пратеник - Силви Кирилов (ИТН) - привремено да раководи со парламентот.

По ставот на ПП-ДБ, вчера претседателот на ГЕРБ Бојко Борисов на брифинг соопшти дека категорично го повлекува барањето да биде кандидат за премиер. „Веднаш го враќам мандатот кога ќе го добијам“, додаде тој.

„БСП-Обединета левица“ ги покани политичките сили во Народното собрание без ГЕРБ-СДС и „ДПС-Нов почеток“ на средба во потрага по „излез од парламентарната криза“. Борислав Гуцанов од „БСП-Обединета левица“ по средбата дека се подготвени да разговараат за сите можни опции, вклучително и повлекување на кандидатите и нова кандидатура што би ги обединила сите околу нив. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk