logo
logo
logo

Се зголемуваат тензиите на релација Белград-Приштина

Vecer | 02.12.2022

Се зголемуваат тензиите на релација Белград-Приштина

По денешната средба со еврокомесарот во Белград, Вучиќ излезе со поумерени тонови. Викендов ќе одлучи дали столчето на Србија на собирот во Тирана ќе остане празно, прв пат откако се одржува форматот ЕУ-Западен Балкан. 

-И на Вархеји му реков не сум ниту луд, ниту пијан, ниту блесав, пијам само чај од камилица и кока кола – зеро. Не ми е проблем заедно со колегите од владата да ја разгледаме таа одлука уште еднаш, не ми е проблем да ја поништам својата одлука. Став на Ана (Брнабиќ) и на Оливер е дека е подобро да бидеме присутни (во Тирана) за да можеме да кажеме се што сега реков. , изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.

-На самитот во Тирана нашите лидери прв пат ќе дојдат во регионот за да разговараат со регионот за регионот. Потребно е сите да се ангажираат, а потребна ни е и Србија да биде на маса, потребен ни е лидерот на Србија да седи на маса. , изјави Оливер Вархеји, еврокомесар за проширување.

Во однос на Косово, Вучиќ порача дека луѓето веќе не можат да го трпат теророт на Курти и дека сега Србите јужно од Ибар се на пат да ги напуштат институциите. Порача дека останува на вчеракажаното, кога со драматичен излив на незадоволство, косовскиот премиер го нарече терорист, а Европската Унија ја обвини дека не го осудила поставувањето на Ненад Рашиќ за министер во косовската влада од страна на Курти. 

-И затоа никој од Србија нема да биде во Тирана на 6-ти декември, по прв пат. А, вие одете, земајте дневници, патувајте со авиони, зборувајте глупости, „тропајте“ што сакате, сите вие од Европа, сите  вие од Западен Балкан, па збoрувајте дека Србија е крива за нешто. , изјави синоќа Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Според Вучиќ одлуката за именување на Рашиќ за косовски министер за заедници е срамна и противуставна, зашто е донесена без согласност со српските пратеници и ја нема поддршката на косовските Срби. Рашиќ, според Вучиќ добил помалку од еден процент на изборите и не може да ги претставува Србите на Косово.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk