logo
logo
logo

„Се заразува цело семејство со КОВИД-19, освен еден член“:  Доктор од Србија објаснува што е причината

Vecer | 26.10.2021

„Се заразува цело семејство со КОВИД-19, освен еден член“:  Доктор од Србија објаснува што е причината

Во тек се студии низ светот кои ги анализираат луѓето кои се природно отпорни на вирусот Сарс-Ков2, кој предизвикува ковид 19. Во нивните гени може да биде клучот за лекувањето на болеста, вели доктор Душан Кецаревиќ, молекуларен биолог и форензички генетичар за РТС.

Д-р Кецкаревиќ вели дека, иако сè уште нема доволно информации за вродена отпорност на вирусот, има случаи низ светот, па и на овие простори, кога понекогаш сите членови на семејството се заразени, освен еден.

„Тие поседуваат некој природен имунитет и тој мора да лежи некаде во генетскиот материјал. Ако го анализирате генетскиот материјал на група такви луѓе и го споредите со група луѓе кои се разболуваат, тогаш можете да видите разлика во нивниот геном. т.е во наследниот материјал и на крајот да го извлечете одговорот – можеби тој протеин, таа низа, таа варијанта на тој протеин ги штити луѓето од болеста“, вели д-р Кецкаревиќ.

Тој објаснува дека овие истражувања не се лесни за изведување, но, како што вели, се можни…

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk