logo
logo
logo

Се поместува ГРАНИЦАТА ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ, жените покасно во пензија во Србија

Vecer | 16.08.2022

Се поместува ГРАНИЦАТА ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ, жените покасно во пензија во Србија

Од 1 јануари 2023 година, жените во Србија ќе можат да одат во пензија на возраст од 63 години и шест месеци. Тоа значи дека им остануваат уште неколку месеци до пензија според старите услови, според кои за да заминат во пензија требаше да наполнат 63 години и четири месеци, пишува Блиц.

Кога станува збор за мажите, условите за пензионирање, барем засега, нема да се променат, па границата за нивно пензионирање ќе остане на 65-годишна возраст.

Согласно одредбите од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, да потсетиме, старосната граница за припадничките на понежниот пол се поместува секоја година со цел да се изедначат годините на животот на жените и мажите.

Од 2014 година, пензиските услови за жените се менуваат секој 1 јануари, а старосната граница по правило се поместува во опсег од два месеци до шест месеци годишно. Така ќе биде до 2032 година, кога жените ќе можат да се пензионираат на 65 години, како и мажите.

Новите правила важат и доколку граѓаните сакаат предвремено да се пензионираат, а промената се однесува и на мажите и на жените. Годинава предвремена пензија можат да одат мажите со 40 години стаж на осигурување и најмалку 59 години и шест месеци, а жените со 39 години и осум месеци стаж на осигурување и најмалку 59 години.

Од 1 јануари 2023 година, мажите ќе можат да одат предвремена пензија на точно 60 години и 40 години стаж. На жените ќе им требаат и 40 години стаж, но нешто помалку години живот - 59 години и шест месеци.

Од 2024 година, дури и за предвремено пензионирање, припадниците на двата пола ќе бидат еднакви бидејќи оттогаш старосната граница за жените ќе се помести за шест месеци, односно на 60-годишна возраст.

Она што е исто за двата пола е правилото дека и мажите и жените можат редовно да се пензионираат со 45 години стаж без разлика на возраста. Условот е секако во тој период нивните работодавци постојано да им плаќале придонеси.

Потребниот број на години стаж останува ист и изнесува минимум 15 години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk