logo
logo
logo

Се појави нов предлог за Србија и Косово: ЗАЕДНО ДА ВЛЕЗАТ ВО ЕУ

Vecer | 03.07.2021

Се појави нов предлог за Србија и Косово: ЗАЕДНО ДА ВЛЕЗАТ ВО ЕУ

Поранешниот посредник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Роберт Купер, смета дека би било добро Косово и Србија да бидат примени во Европската унија истовремено.

Според него, промената на косовскиот Устав е многу можна со цел да се реши прашањето за формирање на Унија на српски општини.

„Тоа може да биде решение за Сојузот на општини со српско мнозинство и ќе овозможи решавање на прашањето за Северот (Косово и Метохија) и за Србите да бидат позастапени во политичка смисла на Косово“, рече Купер.

Според него, ако и Србија и Косово влезат во ЕУ, тоа е како промена на Уставот.

Купер додава дека пред 10 години, темите како размена на територии не беа разгледувани за време на дијалогот.

Тој смета дека кога станува збор за тоа треба внимателен пристап.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk