logo
logo
logo

Се нормализира колапсот на Балканот: Црна Гора, БиХ, Хрватска и Албанија беа без струја

Vecer | 21.06.2024

Се нормализира колапсот на Балканот: Црна Гора, БиХ, Хрватска и Албанија беа без струја

Доцна попладнево состојбата почна да се нормализира. Според прелиминарните информации, се започнало со прекин на далеководот помеѓу Грција и Албанија, а потоа се пореметил целиот тек на снабдувањето, посочија надлежните во Хрватска.

Поради дефектите кои настанале на регионалната мрежа, прво без струја остана Црна Гора, а потоа следуваа Хрватска и Босна и Херцеговина каде состојбата беше најдраматична. Тамошните медиуми пренесоа дека  луѓе биле заглавени во лифтови, а трамваите и тролејбусите останале на среде улица.

Во БиХ проблемот можеше и да се продлабочи, бидејќи 90% од пумпите за вода работат на струја, предупредија од тамошниот водовод, па се избегна опасноста да дојде до проблем со водоснадувањето..

Во Црна Гора пак, првично струја имаа само два града на северот, а по неколку часа истата почна да се враќа и во остатокот од земјата. Министерот за енергетика и рударство Саша Мујовиќ, посочи дека дошло до сериозно оптоварување на системот што дополнително ја влошило состојбата.

Со колапсот на струјата, дојде и до тотален колапс на сообраќајот во поголемите места, ниту семафори работеа, ниту сообраќајната полиција можеше да постигне да го регулира истиот...

Енергетската мрежа во Србија и Македонија остана стабилна и не беа регистрирани никакви проблеми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk