САД изразија длабока загриженост за потенцијалното влијание на предложениот закон за странски агенти во Србија врз демократијата, човековите права и основните слободи, вклучувајќи ги слободата на изразување и здружување, се наведува во изјавата на портпаролот на Стејт департментот за Радио Слободна Европа (РСЕ).
„Таков закон би можел да го ограничи просторот за делување на граѓанското општество, да ги стигматизира организациите кои работат за подобрување на животот на граѓаните и да го попречи функционирањето на независните медиуми“, стои во изјавата.
Предлог-законот беше поднесен од пратениците на Социјалистичкото движење, чиј основач е вицепремиерот Александар Вулин, а предвидува регистрација на сите здруженија и непрофитни организации кои се финансирани од странство.
Европската комисија, пак, потсети дека секој предлог-закон во земјите кандидати за ЕУ мора да биде усогласен со демократските вредности на Унијата.
Закон за странски агенти постои во Русија, каде што, според оценките, служи за задушување на критиките и ограничување на работата на независните медиуми и активисти за човекови права. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата