logo
logo
logo

САД до Вјоса Османи: „Акцијата на северот на Косово ја доведува во прашање националната безбедност„

Vecer | 28.09.2021

САД до Вјоса Османи: „Акцијата на северот на Косово ја доведува во прашање националната безбедност„

Американскиот Стејт департмент јасно и стави до знаење на претседателката на Косово, Вјоса Османи, дека не се согласува со начинот на кој косовските институции воспоставија реципроцитет за регистарските таблички на возилата со Србија, со испраќање специјални сили на северот на земјата, пренесува приштинската телевизија Клан Косово.

Клан наведува дека Вашингтон директно на претседателката Османи во саботата и изразил незадоволство од начинот на кој косовските институции ја организираа акцијата на северот од Косово.

Акцијата ја загрозува националната безбедност, и порачаа на Османи од Стејт департментот, со што Вашингтон го разјасни официјалниот став за најновите случувања на северот на Косово.

Претседателката на Косово минатата недела ги посети Соединетите држави, каде што се сретна со претставници на многу земји на маргините на Генералното собрание на ОН, но не беа забележани средби на високо ниво со претставници на американската влада.

Од кабинетот на Османи беше потврдено дека косовската претседателка разговарал со претставниците на американскиот Стејт департмент за најновите настани на северот на земјата, но не се дадени информации дека таа била предупредена дека акцијата на северот на Косово ја загрозува националната безбедност.

Советничката на претседателката Доњета Мифтари ги отфрли тврдењата на Клан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk