Според Вијести, акцијата ја водела Агенцијата за национална безбедност, под чија надлежност е ова кривично дело. Акцијата е иницирана по налог на Специјалното државно обвинителство.

Едно од уапсените лица, според изворот на Вијести, работел за руската служба повеќе од 10 години и е дел од поширока група чии членови ѝ се познати на Агенцијата.

Наводно се работи за вработен во државната администрација. Истиот извор наведува дека денешните акции се само почеток на активностите со кои ќе се откријат соработници на странски разузнавачки служби во Црна Гора. Од Националната агенција за безбедност не одговориле дали е точно дека се уапсени повеќе лица под сомнение за шпионажа.

Во рамките на оваа акција извршени се претреси на повеќе локации во Подгорица при што се пронајдени предмети важни за истрагата, наведува изворот на „Вијести“. Друг соговорник за „Вијести“ вели дека оваа акција е дел од меѓународна акција, а меѓу уапсените имало и руски државјани.

„Полицијата врши претрес на станови и други простории на повеќе граѓани поради постоење основано сомнение дека се сторени кривични дела создавање злосторничка организација и шпионажа. Засега никој не е лишен од слобода“, изјавил специјалиот обвинител и портпарол на Специјалното државно обвинителство, Вукас Радоњиќ.