logo
logo
logo

Руската новинарка Дарија Асламова УАПСЕНА во Косово

Vecer | 06.08.2022

Руската новинарка Дарија Асламова УАПСЕНА во Косово

Министерот за внатрешни работи на Косово Џелал Свечла соопшти дека безбедносните органи ја уапсиле Русинката Дарија Асламова на северот на земјата.

Преку објава на Фејсбук, Свечла рече дека „многу земји докажале дека таа се занимавала со шпионажа за руското воено разузнавање и дека дејствувала под маската на новинарството“.

- Учествуваше и во борбите во Украина со пропаганда за руската инвазија на Украина, напиша Свечла.

На некои фотографии што ги сподели преку својата објава на Фејсбук, Асламова се гледа со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и сирискиот претседател Башар ал Асад.

Свечла рече дека косовските власти биле запознаени со нејзините активности, а според него, на Асламова и е забранет влез во многу земји.

- Нејзиниот обид да влезе во нашата земја, покрај тоа што се совпаѓа со случувањата на северот на земјата, јасно ги докажува руските врски и пропаганди на кои Србија веќе се приклучи и кои имаат за цел да ја дестабилизираат нашата земја, рече меѓу другото Свечла.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk