logo
logo
logo

Рударите во БиХ во предупредувачки штрајк, незадоволни од доцнењето на платите

Vecer | 05.06.2023

Рударите во БиХ во предупредувачки штрајк, незадоволни од доцнењето на платите

Работата во вкупно шест рудници беше прекината еден час, а рударите се одлучија на овој облик на протест за да се солидаризираат со колегите од рудникот „Зеница“ кои штрајкуваат од 25 мај.

Тие штрајкуваа бидејќи се уште не им се исплатени платите и другите надоместоци за април.

Синдикалниот огранок на рудникот „Зеница“ планира протести пред седиштето на Владата на Федерацијата на БиХ во Сараево на 8 јуни, бидејќи сите рудници за јаглен работат во рамките на концернот Електропривреда БиХ, кој е во мнозинска сопственост на владата на ентитетот. 

Директорот на рудникот Зеница, Менсур Хукиќ, претходно изјави дека вистински проблем е ниската продуктивност, односно малите приходи што ја оневозможуваат редовната исплата на платите.

Рудниците за јаглен сè уште се главен столб на производството на електрична енергија во Босна и Херцеговина бидејќи повеќе од 50 отсто од таа енергија доаѓа од термоелектраните. Истовремено, тие се принудени да продаваат јаглен на електрани по значително пониска цена од пазарната.

Постојните термоелектрани најмногу се потпираат на застарена технологија, што е причина за големото загадување на воздухот.

Сега БиХ е под притисок на ЕУ да го намали производството од термоцентралите и да се преориентира на обновливи извори на енергија бидејќи и се заканува наметнување такси за емисиите на јаглерод диоксид, што би го направило непрофитабилен извозот на електрична енергија произведена од ископ на јаглен. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk