logo
logo
logo

Референдум во Србија: Граѓаните гласаат за промена на Уставот

Vecer | 16.01.2022

Референдум во Србија: Граѓаните гласаат за промена на Уставот

Рано изутрината гласаше и Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој изјави дека се надева оти измените на Уставот ќе бидат потврдени, бидејќи се важни за странските инвеститори за кои, како што рече, владеењето на правото е еден од клучните фактори.

Право на глас на референдумот имаат 6.5 милиони гласачи. Успехот на референдумот не е условен со цензусот, а одлуката донесена на референдумот е обврзувачка.

Доколку се усвојат измените, според српските власти, политиката би била исклучена од изборот на судии и обвинители, а српското законодавство би се усогласило со европското законодавство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk