logo
logo
logo

Рама бара итно објаснување за изјавата на Гутереш каде Косово не се споменува како држава

Vecer | 22.03.2023

Рама бара итно објаснување за изјавата на Гутереш каде Косово не се споменува како држава

Тие додаваат дека на официјалната веб-страница на Обединетите нации е објавена изјавата на Гутереш со која се поздравува договорот во Охрид, но во ниту еден случај не се споменува Косово како држава.

Рама прашува „дали се работи за грешка или лапсус и бара итно објаснување“.

- „Белград и Приштина“?! Сериозна грешка или лапсус. Официјално име е „Договор за нормализација на односите Косово-Србија“ и би било неприфатливо доколку генералниот секретар намерно не го употреби точното име. Ве молам дадете веднаш објаснување“, пишува Рама.

На 18 март во Охрид, по повеќе од 12 часа преговори меѓу премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, беше постигнат договор за Анексот за спроведување на Европскиот план за дијалог, но без потпис на странките. Сепак, шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека договорот и анексот за негова имплементација се сметаат за одобрени. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk