logo
logo
logo

Радев ги почна разговорите со партиите за формирање влада

Vecer | 06.12.2021

Радев ги почна разговорите со партиите за формирање влада

Во моментов, според дискусиите, формула за распределба на мандатите во идната коалициска влада е: 10 места за „Продолжуваме со промената“, по четири за БСП и „Има таков народ“ и три за „Демократска Бугарија“.

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ја започна првата од серијата средби со парламенттарните партии пред да го врати мандатот за состав на новата влада. Првата од средбите е со претставници на „продолжуваме со промените“.

,,Важно е бугарските граѓани да ги знаат вашите приоритети и вашата подготвеност да формирате ефективна владина коалиција. Благодарен сум што ги изложивте вашите ставови за проширувањето на Европската унија, за утврдувањето на правата на бугарските граѓани, нашиот идентитет, историја и култура“,порача Радев по средбата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk