logo
logo
logo

Радев до Штајнмаер: Македонија да запре со говорот на омраза и фалсификување на историјата

Vecer | 02.12.2021

Радев до Штајнмаер: Македонија да запре со говорот на омраза и фалсификување на историјата

Бугарскиот Претседател Румен Радев на средба со германскиот колега Франк Валтер Штајнмаер во Стразбур каде тема на разговор биле македонските евроинтеграции, уште еднаш побарал од Македонија да сопре со како што го нарекол говорот на омраза и фалсификувањето на историјата.

-Нашиот југозападен сосед треба да покаже европска зрелост и почитување на вредностите на Унијата со преземање конкретни активности за запирање на јазикот на омразата кон Бугарија во учебниците по историја, државните и научните институции, во јавните медиуми, за да се запрат фалсификациите на бугарската културна и историска историја. наследство и особено за почитување на правата на своите граѓани кои отворено го изразуваат својот бугарски идентитет. – стои во соопштението од кабинетот на Радев.

Во меѓувреме, бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов вели дека клучно за блокадата е непочитувањето на договорот за добрососедство. Според него, потребно е во Бугарија најпрво да се формира Влада, а дури потоа да се види дали е можен некаков исчекор за Европските интеграции на земјава.

-Треба да оставиме да се формира владата, затоа што во Парламентот има седум политички партии и е многу тешко постигнувањето на решение. Така што, се надевам дека прво ќе избереме влада за да може да се дојде до решение / Договорот за добрососедство не се исполнува и тука е целиот проблем. Ние бараме тој да започне целосно да се исполнува во сите аспекти,вели Ангел Ангелов – Амбасадор на Бугарија во Македонија.

Во Бугарија утре по трет пат треба да се конституира парламентот, а доколку се суди според уставните процедури, најраниот можен датум кога бугарскиот Претседател Радев може да го предаде мандатот е на 8 декември, а потоа започнува 7-дневен период во кој победниот на изборите „Продолжува промената“ мора да предложи кандидат за премиер.

Тоа значи дека најрано на 15 декември би можела да се гласа идната бугарска Влада. Сепак, бугарското издание на „24 часа“ пренесува дека изборот на Владата би можел да биде продолжен дури и од тактични причини, односно, доколку на состанокот во Брисел, Бугарија е претставена од Претседателот Радев, нема да има очекувања за јасна бугарска позиција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk