Предметот за кој се претпоставува дека е рачна бомба, а кој учениците го пронашле во грмушките во дворот на ОУ „Јован Цвијиќ“ е експлозивна направа, потврдиле за Танјуг во полициската управа во Шабац.
Како што беше кажано, учениците ја пронашле во училишниот двор и ја предале на наставничката, која веднаш повикала полиција.
Училиштето било евакуирано, а увид извршила полициска екипа.
Како што е соопштено за Танјуг, се чини дека бомбата долго време била во грмушките во дворот, а се претпоставува дека децата не ја донеле таму.
Бомбата е изнесена од училиштето, а утре ќе ја преземат припадници на Тимот за уништување од Секторот за вонредни состојби на МУП. Обвинителството е информирано и истрагата е во тек.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата