logo
logo
logo

Првиот авион Ф-16 пристигнува во Бугарија на 2 април, официјалната церемонија на 12 април

Vecer | 28.03.2025

Првиот авион Ф-16 пристигнува во Бугарија на 2 април, официјалната церемонија на 12 април

Според него, самиот чин на пристигнување не значи автоматски дека авионот веднаш ќе стане дел од бугарските вооружени сили. Потребно е време за завршување на административните процедури за предавање. Официјалната церемонија за примопредавање е закажана за 12 април, додаде министерот.

Запрјанов се осврна и на предлогот на бугарскиот премиер Росен Жељазков за формирање на мултинационален поморски координативен центар за безбедност на пловидбата во западниот дел на Црното Море, по средбата „Мир и безбедност за Украина“ во Париз.

- Во Бугарија веќе функционира поморски координативен центар кој работи 24 часа, седум дена во неделата. Тој ја врши задачата на мониторинг на морските простори и следење на пловидбата. Доколку се организира воено-поморска операција за безбедност во Црното Море, покрај нашите, турските и романските бродови, во групата за противминска заштита би можеле да се приклучат и други земји, изјави Запрјанов.

Тој истакна дека координацијата во бугарските територијални води во Западното Црноморие е неопходна. -Нашиот центар веќе е оперативен и опремен според НАТО-стандардите. Наместо да се создава нова структура, ние предлагаме да се искористи постоечкиот ресурс – тоа е најекономичното решение, објасни министерот.

Тој нагласи дека безбедноста на воздушниот и поморскиот простор на Бугарија е дел од националната безбедност на земјата и оти Бугарија мора активно да учествува во тие процеси, притоа поздравувајќи ја поддршката од другите држави.

Запрјанов ја посети фабриката „Терем – Хан Крум“ во Трговиште за средба со работниците, откако тие протестираа барајќи исплата на заостанатите плати и обезбедување на стабилност во нивниот ангажман.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk