logo
logo
logo

Прв албански претседател со изгласана недоверба - СУДБИНАТА НА МЕТА КАЈ УСТАВНИОТ СУД

Vecer | 09.06.2021

Прв албански претседател со изгласана недоверба - СУДБИНАТА НА МЕТА КАЈ УСТАВНИОТ СУД

Албанскиот парламент денеска со големо мнозинство изгласа недоверба на претседателот на државата, Илир Мета.

Парламентот ја поддржа иницијативата за недоверба поднесена поради прекршувањата на Уставот пред изборите во април.

104 членови на парламентот гласаа за негова смена, седум беа против, додека само двајца беа воздржани, пренесуваат албанските медиуми.

Судбината на албанскиот претседател сега е во рацете на Уставниот суд, институцијата што ја носи конечната одлука.

Мета е единствениот претседател во историјата на Албанија за кого парламентот изгласал недоверба.

Претседателот на Анкетната комисија против Мета, Алкет Хисени, пред седницата изјави дека има докази врз основа на кои претседателот може да биде сменет.

- Истрагата во врска со кршењето на изборниот процес е објавена на официјалната веб-страница на парламентот - рече Хисени и додаде дека претседателот може да биде сменет поради тешко кривично дело.

Тој изјави дека Мета треба да биде отстранет за нарушување на јавниот ред и мир и за поттикнување на насилство и омраза.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk