logo
logo
logo

Продолжување на судењето на Урош Блажиќ за масовното убиство во Дубона и Малo Орашје

Vecer | 14.11.2024

Продолжување на судењето на Урош Блажиќ за масовното убиство во Дубона и Малo Орашје

Во зградата на Специјалниот суд во Белград денеска заврши судењето на Урош Блажиќ, осомничен за убиство на девет и ранување на дванаесет лица во Мало Орашје и Дубона и на неговиот татко Радиша Блажиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Крајот на судењето е закажан за 25 ноември. Тогаш прво полномошникот на оштетените ќе му постави дополнителни прашања на Урош Блажиќ, по што странките во постапката ќе ги изнесат своите завршни зборови. По завршните зборови, судот ќе го закаже изрекувањето на пресудата.

На денешното рочиште вештакот Тамара Мандиќ изјави дека на рамката на еден од пиштолите била пронајдена ДНК-трага на второобвинет Радиша Блажиќ, која е вештачена.

Во своја одбрана, Радиша Блажиќ тврдеше дека никогаш не го видел оружјето со кое неговиот син извршил масовно убиство во селата Мало Орашје и Дубона, како и оружјето што било пронајдено во куќата на Блажиќ.

Покрај неа сведочеше и балистичкиот експерт Милан Куњадиќ, како и тројца сведоци вработени во армијата.

Специјалниот суд денеска покажа и фотографија од второобвинетиот Радиша Блажиќ со пиштол.

На фотографијата е Радиша Блажиќ во маскирна униформа со пиштол во рака, а второобвинетиот изјавил дека таа фотографија ја направил на последниот ден од својата должност бидејќи требало да се пензионира.

Беа прикажани вкупно шест фотографии направени од телефонот на Радиша Блажиќ, меѓу кои и една на која Радиша и Урош Блажиќ се заедно, додека во позадина се гледа мета, на што Радиша Блажиќ тврдеше дека тоа било на прием во Воената академија и дека целта е всушност симулација.

Урош Блажиќ е обвинет дека на 4 мај минатата година убил девет и ранил 12 лица во селата Мало Орашје и Дубона.

Неговиот татко Радиша Блажиќ е обвинет поради големо количество оружје и муниција кое по злосторството било пронајдено во нивната куќа.

За овој случај надлежен е Вишиот суд во Смедерево, но од безбедносни причини тој е преместен во зградата на Специјалниот суд во Белград. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk