logo
logo
logo

Продолжен притворот на таткото на момчето кое изврши масовно убиство во „Владислав Рибникар“

Vecer | 02.06.2023

Продолжен притворот на таткото на момчето кое изврши масовно убиство во  „Владислав Рибникар“

На предлог на Вишото јавно обвинителство во Белград, суд во Белград му го продолжи притворот за уште 30 дена на Владимир К., татко на 13-годишното момче К.К., кој на 3 мај уби десет и рани шест лица во основното училиште „Владислав Рибникар“ во главниот град на Србија.

Притворот е продолжен поради посебни околности кои укажуваат дека обвинетиот во случај да биде пуштен за кратко време ќе го повтори кривичното дело, како и поради тоа што обвинетиот е основано сомнение дека сторил кривично дело за за кој е пропишана затворска казна над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста, што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, соопшти тој суд.

Владимир К. беше уапсен веднаш откако неговиот син, кој не одговара кривично бидејќи нема навршено 14 години, изврши кривично дело на училиште.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk